Димитри Паје – Исечете ми го ако повторно заиграм за Вест Хем!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Димитри Паје одби да игра за Вест Хем. Тој најверојатно ќе го напушти клубот до јануари и ќе го засили Марсеј, клуб од кој пред година и пол дојде во Лондон.

Неговиот потег и одбивање да настапува ги налути навивачите на Вест Хем, а денес медиумите пренесуваат интересна изјава на овој фудбалер.

„Нека ми го исечат врвот од пенисот ако заиграм за Вест Хем повторно. Ако не ме продадат, сам ќе си ги скинам лигаментите.“

Ако ова е вистина, тогаш тој ќе добие уште полоши критики од страна на навивачите и уште поголема омраза.

Паје оваа сезона одигра 18 натпревари и постигна 2 голови.