АО: Зверев и Паире се пласираа во 3-то коло – Тим подобар во 4 сетови од Томпсон


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Се одиграа уште 3 натпревари на програмата на АО денес.

Натпреварот помеѓу Тим и Томпсон не понуди големи возбудувања, затоа што очекувано до победата стигна Доминик Тим со 2:1 во сетови.

Првиот сет започна многу лошо за Томпсон, прв сервираше и веднаш го изгуби својот сервис. Натпреварот продолжи мирно се до 5-от гејм, кога беше виден уште еден брејк од страна на Тим за 4:1, но веднаш враќа Томпсон со брејк за 4:2 и до крајот на сетот видовме уште еден брејк на Тим и освојување на првиот сет со 6:2.

Вториот сет беше уште полош за Томпсон кој изгуби дури 3 сервиси и така Тим успеа да победи во вториот сет со 6:1. Мора да кажеме дека Тим во тој сет имаше 3 брејк топки и сите ги искористи.

Третиот сет видовме големо возбудување, неколку брејк топки на двете страни, никој не успеа да му го одземе сервисот на противникот и на крајот во тај-брејк подобар беше Томпсон со 8:6.

Четвртиот сет започна како реприза на првиот. Брејк веднаш од страна на Тим во првиот гејм и потоа рутинско сервирање до крајот од двата тенисери и победа на тим во тој сет со 6:4.

На останатите 2 натпревари, Зверев од Германија беше подобар од Тиофе со 3:0 во сетови, односно 6:2, 6:3 и 6:4 додека Паире беше подобар од Фоњини со 3:2 во сетови, односно 7:6, 4:6, 6:3, 3:6 и 6:3.