„Јувентус се распрашува, а Анчелоти е луд за Верати“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Агентот на италијанскиот играч за врска Марко Верати потврди дека торински Јувентус е заинтересиран за доведување на овој фудбалер во своите редови.

Верати неодамна потпиша нов договор со ПСЖ кој за клубот е врзан до 2021 година, но се почесно се споменува неговото заминување од редовите на францускиот шампион.

Агентот Донати Ди Кампли утрово претстојуваше во Торино, каде што го комплетираше трансферот на младиот Рикардо Орсолини во Јувентус, а раководството на Старата дама го искористи тоа да се распраша за Верати.

„Многу е тешко дека Марко ќе го напушти ПСЖ. Неодамна го продолжи договорот и тоа мора да се почитува. Сака да освојува трофеи, а ако тоа не успее во Париз, ќе видиме што ќе биде.

Јувентус не ме прашуваше многу за него“, истакна Ди Кампли.

Потврди овој агент и дека Карло Анчелоти е просто луд за италијанскиот фудбалер.

„Карло Анчелоти е буквално луд за Марко. Меѓутоа, никакви понуди за него немаше. Ако имаше, ПСЖ за тоа прв ќе знаеше“, рече Ди Кампли.