Тотенхем шест недели без стубот на одбраната!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


После деталните медицински прегледи, од Тотенхем е потврдено дека Јан Вертонген ќе отсуствува околу 6 недели.

„Јан е ок, тој е многу позитивна личност. Го преоптеретивме. Ќе бидеме шест недели без него, што е охрабрувачко после првите прогнози“ – изјави Покетино

Вертонген е еден од најдобрите дефанзивци во лигата оваа сезона, тој е еден од најзаслужните за најдобрата одбрана која ја имаат Спарси. Одигра 25 натпревари оваа сезона, а повредата на лигаментите ја заработи против ВБА минатото коло.

Ерик Дајер ќе биде на местото на Вертоген додека не се опорави најверојатно.