Тунис го изненади немоќниот Алжир


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Тунис победија во денешниот натпревар од 2-то коло на Африканскиот куп на нации со 2:1 против Алжир.

Иако Алжир во Габон се појави со многу силен состав во кој играат фудбалери како Марез, Слимани, Бенталеб или Брахими, ниту по два натпревари тие не успеаа да победат.

Во 50-та минута со автогол на Менди стигна Тунис до водство, а предноста ја зголемија 15 минути подоцна со голот на Слити од пенал.

Алжир до крајот на натпреварот успеа само да ја намали предност на Тунис на 2:1 и тоа со голот на Хани во судиското продолжение.

Туни по ова коло има три бодови од 2 натпревари додека Алжир остана на само еден.

Наредниот натпревар Тунис го игра против Зибамбве додека Алжир игра против Сенегал.