„Интер ќе донесе големи имиња, но не и Меси!“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Последните денови често се споменувашедека кинеските сопственици на Интер би можеле да испратат понуда за Меси.

Еден од тие кои ги подгреа навивачите со изјава за Меси е поранешниот играч Диего Милито кој рече дека само Хавиер Занети може да влијае на доаѓање на Меси во тимот.

Сепак, поранешниот претседател на Интер, Масимо Морати изјави дека такво нешто е нереално.

„Никогаш не сум слушнал приказна за доаѓање на Меси. Верувам дека новите сопственици ќе донесат големи засилувања, но не зборуваа за Меси.“

„Пиоли е одличен тренер и резултатите тоа го докажуваат. Интер поминува низ добар период и задоволен сум. ЛШ? Мораме да одиме натпревар по натпревар и ќе видиме до каде ќе стигнеме.“