Маркез го освои легендарниот Стриф


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Акутлениот шампион во Мото ГП, Марк Маркез ја освои најтешката скијачка патека на светот, легендарниот Стриф во Кицбухел.

Тој успеа да го направи тоа со својата Репсол Хонда, но со модифицирани пневамтици посебно дизајнирани за снежни услови.

„Беше навистина тешко да се контролира моторот, но јас сум млад и подготвен да направам некои луди работи. Уживав, од неколку обиди сфатив дека се е возможно. Патеката е многу добро подготвена, брзо се движев и добив вистинско чувство.“

На Стриф овој викенд ќе продолжи натпреварувањето во Светскиот куп.