Галатасарај е заинтересиран за напаѓач на Рома


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според медиумите, Галатасарај е заинтересиран да го донесе Един Џеко во јануари, иако тоа во овој момент звучи како нереален трансфер.

Турскиот гигант веќе некое време го следи овој напаѓач, а најновите вести покажуваат дека тие веќе преговараат со него.

Галатасарај неодамна го продаде Подолски и заработи 8 милиони евра, а сега на таа цифра планира да додаде уште 2 милиони и да ја испрати до Рома.

Един Џеко би заработувал 3.5 милиони евра по сезона.

Времето ќе покаже колку вистина има во овие шпекулации. Сепак кога тој не замина во Кина, тешко може да се поверува дека би се преселил во Турција.