Конте во Челси ја доведува некогашната ѕвезда на Ливерпул?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Италијанскиот стручнак на клупата на Челси Антонио Конте има многу интересни планови кога се во прашање напаѓачките решенија.

После приказната за заминување на Диего Коста во Кина, се појави шпекулација за негов можен наследник, а англиските медиуми имаат веќе и неколку имиња.

Наводно на списокот на Конте „за секој случај“ се големи ѕвезди како Алваро Мората од Реал Мадрид, Ромелу Лукаку од Евертон, Алексис Санчез од Арсенал и Кристијан Бентека од Кристал Палас за кого се верува дека има најголеми шанси да се придружи на Сините.

Бентеке во минатото лето премина од Ливерпул за 27 милиони фунти во Кристал Палас, но многу брзо може да го промени клубот.

Белгиецот постигна осум голови во оваа сезона во Премиер лигата и може да добие нова шанса да премине во голем клуб.

Да потсетиме дека во текот на досегашната кариера играше за Генк, Стандард Лиеж, Астон Вила и Ливерпул.