Тренинг за Норвешка пред дуелот со Македонија – Шпанија ги посрамоти Словенија и Вујовиќ


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Денес на програмата на СП во Франција се одиграа 2 натпревари од 20:45.

На натпреварот помеѓу Норвешка и Јапонија, фаворитот победи убедливо со 38:23.

Како што се очекуваше, така и беше на натпреварот. Норвешка го отвори одлично натпреварот и со по неколку серии во првото полувреме кои беа прекинувани од време на време со некој гол на Јапонија, заминаа на полувреме со 19:14.

Второто полувреме уште полошо за Јапонија. Најголемата серија која ја имаше Норвешка беше од неверојатни 7 голови.

Најдобар играч беше Мирхол со 7 постигнати голови.

Во вториот натпревар се очекуваше голема борба на Словенија и Шпанија. А така и изгледаше самиот почеток на натпреварот.Словенија имаше дури и предност од 2 голови, но набрзо се сменија работите, Шпанците ја подобрија играта и на полувремето заминаа со 18:10.

Второто полувреме одлично почна за Шпанците, а така и продолжи. Едноставно Вујовиќ и Словенија која играше против нас се изгуби.

Шпанците успеаа да победат со 36:26, а најдобар стрелец беше Балагуе со 7 постигнати голови.