Шансите на Милан се помали и помали! Шпанецот се сели во Амстердам?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Џерард Делофеу не е во плановите на Роналд Куман оваа сезона, а Куман потврди дека може да го пушти Шпанецот на позајмица до крајот на сезоната, некаде каде што ќе биде стандарден.

Милан е спремен да му ја понуди таа опција на Делофеу, но никако неможат да се договорат со Евертон. Екипата на Монтела понуди пола милион евра за позајмица до крајот на сезоната и 18 милиони евра за откуп на неговиот договор кога ќе заврши позајмицата.

Поради несогласувањата на англискиот и италијанскиот клуб, Ајакс реши да се вмеша.

Екипата од Амстердам го сака Џерард во својот тим до крајот на сезоната, сметајќи дека со него можат да дојдат до титулата.