Пеналот го скрши проклетството на каталонците на Аноета – Нејмар и донесе победа на Барселона против Сосиедад (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона победија на Аноета минимално во првиот натпревар од четвртфиналето во купот на кралот, 0:1

Единствениот погодок на натпреварот го видовме во 21-ва минута. Нејмар од белата точка погоди за водство на Барселона.

Во второто полувреме мируваа мрежите, а Барселона на крајот победи со 0:1.

Конечно Барселона го скрши проклетството на Аноета каде немаше победено подолг период.