Депај замина, кои се најголемите промашувања во историјата на Манчестер Јунајтед?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Мемфис Депај заминува од Манчестер Јунајтед на неславен начин, а се мислеше дека ќе биде новиот Роналдо.

Весникот „Дејли Мејл“ го рангираше какио четврти на листата на најголеми промашувања на Црвените ѓаволи.

Кои се останатите деветмина играчи, на чии трансфери се покажање слабости при работењето на најтрофејниот англиски клуб

10 . Зоран Тошиќ (7 милиони фунти)

Јунајтед бараше долгорочна замена за Рајан Гигс, и пронајде во белградски Партизан. На Олд Трафорд забележаа потенцијал во Зоран Тошиќ, но српскиот фудбалер не се задржа долго во Манчестер.

Забележа само пет настапи за клубот, после позајмицата во Келн заврши во ЦСКА и тука игра моментално.

9. Хуан Себастијан Верон (28 милиони)

Сер Алекс веруваше дека доведе „играч од светска класа“ кој ќе промени “персоналити на екипата“. Но уште побрзо го промени дресот. После две сезони е продаден во Челси, за речиси дупло помал износ кој е платен на римски Лацио.

8. Вилфред Заха (15 милиони)

Подарокот на Фергусон на наследникот Дејвид Мојс, на крајот е вратен на Кристал Палас со порака “ Не, благодарам , еве ви го“. И кај Мојс и Ван Гал наиде на „затворена врата“, но за среќа таа беше отворена во матичниот клуб.

7. Клеберсон (6.5 милиони)

Во истиот ден, во август 2003 година, два талентирани играчи потпишаа за Манчестер Јунајтед – Кристијано Роналодо и Клеберсон. Еден од најдобрите фудбалери на светот во овој момент, другиот после само неколку години во Англија падна во заборав. Да напомениме дека на оваа листа го нема сонародникот на Клеберсон Андерсон, бидејќи тој во клубот се задржа нешто повеќше од останатите играчи на оваа листа.

6. Масимо Таиби (4.5 милиони)

По заслуга на Петер Шмајхел, позицијата на голман во Манчестер Јунајтед сеуште ќе има посебна тежина.

Масимо Таиби дефинитивно не е човек кој дорасна за тој предизвик, на четири меча прими 11 голови и брзо беше испратен назад на Апенините.

5. Анхел Ди Марија (59.7 милиони)

Кога ќе се гледа само цената, Анхел Ди Марија би бил на врвот на листата. Собори рекорд по висина на трансфер на островот, а се задржа само година дена. За него мачна година дена, која сигурно ќе сака да заборави.

4. Мемфис Депај (25 милиони)

„Новиот Роналдо“ се зборуваше кога Ван Гал го доведе својот сонародник во клубот и му ја додели легендарната „седумка“ која пред него ја носеа Бест, Бекам, Кантона… Можеби по начинот на живот малку потсетува на Бест, но тоа што го покажа во дресот на Јунајтед е „far from best“.

3. Радамел Фалкао (16 милиони)

Беше прашање на време кога некој од најсилните клубови ќе го ангажира Фалкао од Монако, бидејќи беше премногу добар за француската лига.

Но за Манчестер Јунајтед, се покажа, беше недоволно добар.

Шанса добиваше мноу ретко отколку што се очекуваше, уште поретко постигнуваше голови. Манчестер Јунајтед не доведува често играчи на позајмица, со овој дефинитивно не успееја.

2. Ерик Џемба Џемба (3.5 милиони фунти)

Речиси невозможна мисија за Јунајтед беше пронаоѓање на достојна замена за клупските легенди како што се Кин, Сколс, Гигс..Ерик Џемба Џемба е виден како наследник на Кин, а се памети прочуената реченица “  „He‘s so good they named him twice“.

И навистина беше добар..за седење на клупа…

1. Бебе (7.4 милиони)

На Фергусон го препорача неговиот долгогодишен асистент Карлос Кеирош. Мислеше дека пронајде Португалец кој ќе се прослави во Манчестер Јунајтед.

Погрешно мислеше…Бебе се покажа како просечен играч, моментално е во шпански Еибар.