Роси и Вињалес добија нови „играчки“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Јамха е прва која го претстави својот мотор за новата сезона во Мото ГП.

Моторот кој ќе го возат Вињалес и Роси во наредната сезона е откриен во Мадрид.

Новата сезона ќе биде 5-та по ред за Роси во Јамаха, а во претходните 3 тој завршуваше на второ место.

„Најважно е да имаме добри трки и да се обидеме секогаш да бидеме брзи и да победуваме. Ќе мора да почекаме до првата трка за да видиме колку потенцијал имаме, а и нашите ривали колку имаат.“

Вињалес во Јамаха стигна од Сузуки и го замени Лоренцо, кој премиан во Дукати.

„Навикнав да имам силен тимски колега во Хорхе. Маверик ме импресионираше од првиот ден. Тој се покажа силен уште од првиот ден. Мислам дека заедно може да направиме многу работи.“

Роси и Вињалес нова шанса да го возат својот нов мотор ќе имаат на тестирањата на „Сепанг“ кои почнуваат на 30-ти јануари.

Новата сезона започнува на 26 март со ГН на Катар.