„Хамилтон е задоволен со доаѓањето на Ботас“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Директорот на Мерцедес, Тото Волф изјави дека првиот возач на тимот, Хамилтон е задоволен со доаѓањето на Валтери Ботас во тимот.

„Луис изјави дека Валтери е одличен возач, еден од оние со кои се сложува во Ф1 и мисли дека тоа е добар избор. Мислам дека добро ќе соработуваат. Ќе има тешки моменти, но мислам дека нивните личности му одговараат на тимот.“

Ботас потпиша договор на една сезона со опција да го продолжи, а јавноста смета дека Мерцедес ќе се обиде да го донесе Фетел или Алонсо во наредната сезона.

„Не би го избрале Ботас да не веруваме дека е добар за тимот. Пазарот е динамичен во овој момент, наредната година ќе има многу опции, некои млади возачи, па ќе видиме што ќе се случи.“