„Најдобрите денови се зад Ѓоковиќ“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот Пет Кеш изјави дека Ѓоковиќ моментално е сенка на тоа што беше во своите најдобри денови.

Ѓоковиќ беше поразен во 2-то коло од Деис Истомин во 5 сетови.

Новак минатата година успеа со освојување на сите четири најголеми турнири, стана првиот тенисер по Род Лејвер кој во ист момент ги имал сите титули од најголемите 4 турнири во светот.

„Ако се сомневавме претходно, тој потврди сега дека не е истиот тенисер каков што беше пред 6 месеци. Поразот од Денис го покажува тоа.“

„Би сакал да видам како се бори, да биде вистински број два кој се бори за првото место во светот, но во овој момент сметам дека тоа нема да го видиме. Јасно е дека станува за психичка работа. Можеби времето вели дека не е таков тенисер како порано, но тој сеуште може да игра добро.“