Кралот на трансферите најде нов клуб!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Џермеин Пенант потпиша договор со англискиот второлигаш Бери.

34-годишниот Пенант е познат по тоа што играше за 13 различни тимови во текот на кариерата, а последен пат настапуваше во Сингапур за Тампинс Роверс.

Поранешниот репрезентативец сакаше да се врати на Островот и тоа му успеа.

Последен пат во англискиот фудбал беше присутен во сезоната 2014/15 кога одигра 13 натпревари за Виган, но имаше добри настапи и во Бирмингем, Ливерпул и Стоук Сити.

Во кариерата има игрнао уште и за Нотс Кантри, Арсенал, Вотфорд, Лидс, Портмут, Сарагоса, Волверхемптон, Виган…