Сити работи на младите: Доведе талентирано 13-годишно дете


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Граѓаните“ продолжуваат да ја засилат својата школа.

Еден од најталентираните деца во Англија стигнува во Манчестер Сити за рекорден трансфер во таа возраст.

Манчестер Сити од Саутенд Јунајтед доведе дете кој има само 13 години за 200 000 евра, а доколку се покаже како добро засилување цената може да му порасне на 290 000 евра.

Тренерот на младитер категории на Саутенд Рики Данкан изјави дека повеќе клубови го следеле младиот Барнс и дека било многу тешко да го задржат во клубот.

Барнс и неговата фамилија ги разгледувале сите понуди, а за Сити се одлучиле поради академијата која е се посилна во Англија.

Да потсетиме, Барнс не е единствено дете што ја залуди Европа поради тоа што во претходните месеци на сцена стапи 13-годишното дете Карамоко Дембеле од Селтик.