Обамејанг наговести заминување!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Нормално, дури на лето, заминување во сред сезона не доаѓа во предвид.

Пјер Емерик Обамејанг, фудбалер на Борусија Дортмунд, најави потенцијално заминување од овој клуб на крајот на сезоната.

Постојат доста тимови кои се заинтересирани за него, се споменува најмногу Реал Мадрид, познато е дека Арсенал испрати неверојатна понуда, но сите тие се одбиени од страна на Борусија.

„Не може да се предвидува иднината. Може да бидам во Дортмунд две, пет или десет години. Можно е дека во јуни ќе постигнам договор со Дортмунд и ќе заминам“, рече Обамејанг.

„Постојат играчи кои се амбициозни и кои сакаат да заминат, да искусат нешто ново. Точно е дека Реал Мадрид е мој омилен клуб, но не постои само Реал Мадрид на овој свет“, рече Обамејанг.

Наводно, Билд пишува дека Зидан е заинтересиран за некој друг играч и дека Обамејанг не е потребен.

Напаѓачот моментално е со репрезентацијата на Габон на Африканскиот куп на Нациите, а во Дортмунд може да се врати на почетокот на следната недела.