„Валенсија е најдобар десен бек на светот“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Португалскиот стручнак на клупата на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо откри денеска на конференцијата за новинарите кој е, по негово мислење, најдобар десен бек на светот.

Мурињо порача дека тоа е фудбалерот кој игра во неговиот тим, Антонио Валенсија.

Валенсија пред неколку дена го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед до лето 2018 година, а Мурињо е многу среќен поради тоа.

„Нема подобар десен бек на светот од него. Не го велам тоа затоа што е мој фудбалер, туку затоа што е навистина така. Голема е привилегија што во тимот имаме таков играч и човек“, рече Мурињо.

Да потсетиме дека Антонио Валенсија имаше договор со Јунајтед од следното лето, но клубот од Олд Трафорд сепак се одлучи да го награди со нов едногодишен.

Валенсија во Јунајтед стигна во летото 2019 година од Виган, а досега одигра 270 мечеви за Црвените ѓаволи и постигна 21 гол.