Дортмунд испрати две понуди – На потег сега се Арсенал и Ајакс


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Борусија Дортмунд ќе се обиде во овој преоден рок малку да го освежи својот состав со донесување на два млади фудбалери.

Добро знаете дека Дортмунд го сака Гедион Зелалем, млад фудбалер кој е член на Арсенал и кој голем дел од кариерата го помина на позајмица во Ренџерс.

Медиумите денес пишуваат дека Арсенал ќе се откаже од нивниот играч затоа што не сака да потпише нов договор, иако многумина го претставуваа како голема надеж на американскиот фудбал.

Договорот му завршува на крајот на оваа сезона.

Не е тоа се, Дортмунд испрати понуда за уште еден 19-годишен фудбалер, а станува збор за Каспер Долберг, младиот фудбалер на Ајакс.

Понудата изнесува 20 милиони евра за Данецот кој игра како напаѓач, бидејќи оваа година ги воодушеви сите љубители на фудбалот во дресот на Ајакс.

Оваа сезона успеа да постигне 11 голови во сите натпреварувања.