Готово – Вест Хем доби големо засилување!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според медиумите, искусниот дефанзивец ги помина лекарските прегледи и наскоро ќе стане дел од тимот на Билиќ.

Неодамна Фонте побара да замине од „Сент Мерис“, а сега желбата му беше исполнета.

Вест Хем се појави како опција, понуди 8 милиони фунти за 33-годишниот дефанзивец и така ги задоволи критериумите на „Светците“.

Покрај очајната реализација, Билиќ имаше проблеми во дефанзивата, а по се изгледа дека тие проблеми ќе бидат решени со овој трансфер.