Депај во Лион го дочека еден од најпопуларните броеви!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мемфис Депај денес стана официјално член на Лион. Тој стигна од Јунајтед за 21.6 милиони фунти, а во новиот клуб го избра дресот со број 9.

Депај преку твитер се прости со своите поранешни соиграчи од Јунајтед, а засега не е познато на колку години го потпишал договорот со Лион.

Тој немаше ниту една асистенција на 4-те натпревари оваа сезона.

Да потсетиме, тој стигна во Јунајтед во 2015 година од ПСВ за 25 милиони фунти, но таму не се прилагоди.