Хаос на Местаља: Од Лига на шампиони до борба за опстанок


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Питер Лим пред доаѓањето на Местаља во 2014 година беше означен како спасител, но после што промени седум тренери навивачите го бркаат од клубот. Како дојде до тоа?

На прес конференцијата која е околу пред две недели одржана во хотел во Валенсија, Питарч е запрашан зошто Питер Лим ги купи Слепите Лилјаци.

Беше тоа тешко прашање, кое навивачите на Валенсија си го поставија сами на себе во минатата година, а одговор, односно недостаток на одговори не можеше да ги задоволи.

Питарч, спортски директор на клубот кој само што се врати од Сингапур каде што разговараше со сопственикот за иднината на клубот рече дека никогаш со Лим не разговарал за тоа и нема одговор.

„Не знам. Претпоставувам дека сака фудбал“, рече Питарч кој пред неколку дена подоцна поднесе оставка.

Питер Лим, сопственик на Валенсија, по потекло од Сингапур, а неговиот татко е богат кој своето богатство го заснова на риболов, го презеде управувањето на Валенсија во јуни 2014 година кога во клубот инвестираше 94 милиони евра.

Во договор со тогашниот претседател на клубот Амадео Салво и агентот Жорге Мендеш, Лим однапред даде 22 милиони еврам а подоцна позајми на клубот 72 милиони евра за 70 % од акциите на клубот.

Подоцна неговиот процент во клубот стигна на 80 %, а инвестираше околу 200 милиони евра.

Но, Валенсија беше во криза, сепак тоа е клуб со два стадиони. Еден кој не може да се продаде и другиот чие завршување не може да си го дозволи, и долг од 230 миолиони. Дури и банкрот се споменуваше.

Лилјаците има лош претседател, заминувањето на најдобрите играчи стана секојдневие и доаѓањето на Лим во навивачите пробуди надеж во подобро утре.

И тргна на добро. Валенсија се засили, а тогашниот тренер во клубот Нуно Еспирито Санто клубот го врати во ЛШ.

Мирисаше на единство кај управата и навивачите. Но пролетта на Местаља не траеше долго.

Тогаш на улиците низ градот одекна „Лим, ние те сакаме“, но пред првиот натпревар после Божиќ навивачите се собраа пред стадионот и подигнаа транспарент на кој пишуваше: “Лим, оди дома“.

Повиците кон управата продолжииа ј во минатиот викенд. Но, Лим не го збркаа дома бидејќи тој веќе беше дома, во делечниот Сингагур, далеку од светилиштето на навивачите.

„Претпоставувам дека сака фудбал“, рече Питарч за Лим. Но дали сака? СЕпак, сопственикот на клубот не го гледаше својот тим повеќе од година дена. Најблиску гледање на Валенсија беше во минатото лето кога на бреговите на Барселона и го продаваше Пако Алкасер, играч кој не беше на продажба.

Лим Валенсија ја купи за нешто, не знаеме за што, но знаеме дека фудбалот тоа не е. На Местаља се се распаѓа. Два стадиони, долгови, на кризата која не и се наѕира крај, а ни играчите не бегаат од темната вистина.

Енцо Перез, капитенот на екипата, рече дека стигнале до дното. Валенсија е четврт најголем клуб во Шпанија и тоа го знаат сите, а сега е само над зоната за опстанок во лигата.

Навивачите се свртија против политиката на клубоит, а тренерите се менуваат често отколку во други клубови.

За состојбата во Валенсија можеби и најдобро зборува изјавата на поранешниот играч на тимот Марио Кемпес:

„Ова не би го посакал ниту на најлошиот непријател“.

После само година дена Питарч поднесе оставка, но рече дека не го напушти клубот во целост.

Ги призна грешките кои ги направи во 12 месеци на својот мандат. Но, тој не е единствен што замина. Пред Божиќ клубот го напушти тренерот Чезаре Прандели.

Италијанецот одржа прес конференција, на која не одговараше на прашањата на новинарите.

Наместо тоа одржа говор во должина од една минута и 57 секунди каде што го обвини играчите за незалагање и непрофесионализам. Прандели од доаѓањето во клубот Валенсија зборуваше на италијански, а на прес конференцијата истотака. Со рака покажуваше на вратата и зборуваше еденј збор почесто од другите „флори“ (надвор). Го зборуваше тоа на играчите кои не даваат 100 % од себе за клубот за кој играат.

И навивачите тоа го сакаа, анкетата покажа дека дури 98 % од навивачите се сложуваат со Италијанецот. Го поддржуваше и управата или барем така се чинеше.

После наредниот натпревар Прандели, Питарч и Лајхун Чан (претседател на клубот) одлетаа во Сингагур да го посетат Лим. Клубот беше на граница од испаѓање и им требаа засилувања. На Прандели се ветени засилувања, но тоа не беше така бидејќи економската ситуација на клубот тоа не го дозволи. И така сите околу Валенсија почнаа сите да се прашуваат што Лим сака?

Дали сака фудбал?

И зошто сите засилувања што стигнаа во клубот пропаднаа? Валенсија во минатото лето заработи околу 100 милиони евра на продажба на играчи. Андре Гомеш, Алкасер и Мустафи заминаа и ако не беа на продажба. Останаа тие кои никој не ги сакаше.

Претседателот на клубот објасни дека проблемот за недостаток на засилувања е финансискиот фер плеј, за него зборуваше дека управата не е виновна. Чан тврдеше дека не може да потроши повеќе отколку што заработија. Доволно е да се каже дека Валенсија нема спонзор на дресот. Прандели недолго после се тоа замина.

Го сакаше Симоне Заза, и му рекоа дека не може да го добие, но Заза сепак на крајот дојде. Италијанецот беше многу емотивен на заминувањето. Го направи најдоброто што може, а на крајот рече дека клубот не доведува луѓе на кои фудбалот им е во срцето.

Од управата го обвинија дека смислува изговори со цел да ги оправда резултатите. На клупата на Валенсија помина само 90 дена. Прандели беше седми тренер кој замина во ерата на Лим. Пици доби отказ одма кога Лим дојде, а тогаш почнаа да се редат еден за друг. Нуно отказ доби во ноември 2015 година.

Одма дојде Фил Невил, како асистент, и Салвадор Гонзалез „Воро“ како тренер, поранешен играч.
Останаа до декември. Наредниот на жешката столица седна Гери Невил, воедно и деловен соработник на Лим.

Се задржа дури до март, а го замени неговиот асистент Пако Ајстаран кој Лилјаците ги водеше до септември.
Доби отказ. Доаѓаа тренери, а резултатите се полоши. Под водство на Нуно Валенсија освои 49 % од можните бодови, Гери Невил освои 29 % Ајстаран 27 %, а Прандели четвртина, односно 25 %.

Ајестаран доби отказ после само пет натпревари од актуелната сезона, а од клубот рекоа дека никогаш не планирале да го задржат, само немаше пари да се доведе замена. Воро го презеде клубот, но само да направи место за Прандели кој прелета пола свет да го запознае Лим.

Воро рече дека се надева дека нема повеќе да ја води Валенсија, но сепак се врати.

Тешко е да се одбие клуб кој се сака и на кого треба помош. По петти пат Воро седна на клупата на Валенсија, трети пат во две сезони. Разликата е во тоа што овој пат управата е позади него и доби договор до крајот на сезоната и прв пат е официјално тренер, а не наследник на некој друг тренер и привремено решение.

Пред Вори е тешка, но позната задача.

„Ќе дадам се од себе или нас ќе не нема никаде“, рече напаѓачот Санти Мина после неодамнешниот пораз на клубот.

Валенсија е четврти најголем клуб во Шпанија, а во оваа сезона имаат најлош старт во лигата од основањето на тимот и само четири бода над зоната за испаѓање.

Клубот е во хаос, но позади се може да излезе нешто добро. Заминувањето на Прандели и Питарч исфрлија некои работи на светли денови, а навивачите се повеќе се будат.

Всушност, тоа не е се. Има нешто интересно за новиот тренер Воро.

Го викаат „Волк“, човек кој на кого судбината досега била да биде привремен тренер на клубот доби шанса да покаже што знае.

Тренерот кој всушност не е тренер што има најдобра статистика во историјата на клубот.

Од 15 можни бодови во досегашната кариера на клупата на Лилјаците освои десет. Ајестаран освои нула од 12, Прандели шест од 24.

Славеше „Волкот“ на дебито, на своето вистинско деби на тренерско деби. Валенсија беше подобра од Еспањол со резултат 2:1.

Победата на Лилјаците требаше, секој бод е важен. На Местаља некогаш Лигата на шампионите ја сметале за стандард, а изјаватана Воро при доаѓањето доволно зборува за состојбата во клубот.

„Целта е опстанок во лигата. Мислам дека тоа можеме!“