Катастрофален третман врз Македонија во Франција – Ова ли е добра организација на СП?!


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Организацијата на СП во Франција е далеку под очекуваното ниво. Голем број репрезентации се незадоволни со условите во Франција, а меѓу нив е и нашата репрезентација.

Ние сме изолирани во планина на 1 час возење од Албервајл каде што треба да играме против Норвешка. И во Мец, ние моравме да патуваме по 20 км до салата, а и пред нокаут рундата немаме подобар третман.

Македонската репрезентација е сместена во местото Брид ле Бен во близина на Куршевил, место во кое пред 3 години беше тешко повреден Михаел Шумахер.

Исто така, собите во хотелот се мали, а на сите маки Македонија тренираше во ладна сала.

Дополнителен проблем е и тоа што во близина нема болница, па не може да се дијагностицираат повредите на играчите. Како што стојат работите завршено е првенството за Манасков, а неизвесно е учествотот на Миркуловски.

А и работата на новинарите е спречена затоа што тие се сместени во Гренобле, 100 км од базата на македонските ракометари.

Од националниот сојуз испратија приговор до ИХФ, но ние не сме осамени, бидејќи и други репрезентации покажаа револт поради условите во Франција.

Сепак, ако може да ни биде утеха е податокот што Кирил Лазаров е најкорисен играч во првиот дел од првенството со 67 поени(44 голови и 23 асистенции), втор е Барис Пуковски со 55, а трет е Сагосен со 51 бод.