Евра заминува во Лига 1?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Францускиот фудбалер би можел во јануари да се пресели во Лига 1.

Евра долго време се поврзува со заминување од Јувентус, а како најчеста дестинација се споемнуваше Ла Лига, односно Валенсија.

Сепак, по се изгледа дека постојат уште многу опции за Евра, а последна е екипата на Лион која има намера да го донесе во Лига 1.

Освен Валенсија и Лион, за неговите услуги се заинтересирани Кристал Палас и неколку екипи од Кина, но се смета дека Евра не е заинтересиран за тие понуди.

Да потсетиме дека тој има договор со Јувентус кој завршува наредното лето.