Андре Агаси – Новак е еден од најдобрите на сите времиња!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Агаси верува дека Ѓоковиќ ќе се врати во форма која му донесе голем број на трофеи на најголемите турнири.

Новак во Мелбурн стигна како бранител на титулата, но беше поразен во 2-то коло од Истомин.

„Ги славев неговите успеси затоа што предвидев дека ќе освои се. Искрено, секогаш е изненадување кога тој ќе изгуби. Тоа за што зборувам е неговата игра и можности.“

„Мое мислење е дека тој е еден од најдобрите на сите времиња и поради тоа очекувам да се врати брзо.“