АО: Заврши женскиот дел за денес – Гаврилова и Плишкова одат понатаму!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денешниот ден во женска конкуренција на Австралијан Опен го комплетираа 2 натпревари.

Првиот дуел се играше помеѓу Гаврилова и Бачински, а подобра беше Русинката со 2:1 во сетови.

Во првиот сет видовме неверојатни 6 брејкови, односно 2 од страна на тенисерката од Швајцарија и 4 од стран на Гаврилова, која го освои сетот со 6:3.

Вториот сет помина многу мирно, но при самиот крај тенисерката од Швајцарија успеа да направи брејк и така да стигне до 7:5.

Третиот сет повторно беше возбудлив, а во него видовме 3 брејкови и конечна победа на Гаврилова од 6:3, 5:7 и 6:4.

Во вториот натпревар играа Плишкова, односно 5-та носителка и Остапенко.

Натпреварот започна во доминација на Плишкова, која на крајот успеа да го изгуби сетот откако нејзината противничка успеа да и го одземе 2 пати сервисот и да го освои првиот сет со 6:4.

Вториот сет беше неверојатен за Плишкова, таа со 3 брејкови и сигурно сервирање на свој сервис стигна до неверојатни 6:0.

Третиот сет започна многу лошо за Плишкова, а таа дури губеше со 2:5, но успеа да се врати со 2 брејкови и потоа со 10:8 да победи во третиот сет.