Спектакл на Енфилд – Пет погодоци, враќање од 0:2 на Ливерпул и изненадувачка победа на Свонси (ВИДЕО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерите на Свонси го победија Ливерпул на Енфилд со 2:3 во натпревар од 22-то коло во ПЛ.

Првото полувреме имаше шанси и на двете страни, но мрежите мируваа, 0:0.

На почетокот на вториот дел од натпреварот Фернандо Љоренте му донесе водство на Свонси. Четири минути подоцна шпанскиот напаѓач го постигна вториот погодок на натпреварот и го зголеми водството на гостите.

Роберто Фирмињо со глава во 55-та минута намали на 1:2. Бразилецот го постигна вториот погодок на натпреварот и го израмни резултатот, 2:2 дваесет минути пред крајот на натпреварот.

Не стоеше долго ремито на сефаморот бидејќи Сигурдсон во 74-та минута погоди за 2:3. Ориги потоа имаше шанса за израмнување, но Фабиански фантастично одбрани.

Свонси на крајот победи со 2:3 и ја запиша петата победа оваа сезона. Во следното коло Ливерпул на Енфилд ќе го пречека Челси, а Свонси на домашен терен ќе игра против Саутемптон.