AO: Заврши машкиот дел за денес – Димитров без проблеми против Гаске!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес беше комплетирана програмата на Австралијан Опен со натпреварот помеѓу Димитров и Гаске.

Првиот сет донесе мали возбудувања, поточно 3 брејкови, 1 успеа да направи Гаске, а потоа Димитров му врати со 2 брејкови и со освојување на првиот сет со 6:3.

Вториот сет беше катастрофален за Гаске. Брејк за Димитров уште во првиот гејм, а потоа уште еден во 7-от гејм и сервис за конечни 6:2 во сетот.

Третиот сет повторно лош за Гаске. Брејк прави Димитров уште во првиот гејм, а потоа и 2-та тенисери сервираа добро до крајот и Димитров успеа да го освои тој сет со 6:4 и така да стигне до победа.