Полска со проблеми до победа против Тунис – Следува битка за 17-то место


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес се одигра првиот натпревар во ждребот на 17-то место, а до победа стигна Полска со 28:26.

Тимот на Тунис одлично го започна натпреварот и дури 3 пати ја имаше предноста, но потоа следуваше серија на Полска и успеа да дојде до предност, која ја зголемуваше во текот на првото полувреме, па на крајот заминаа со предност од 15:11

Најголемата предност која ја имаа во првиот дел беше 5 голови, но тимот на Тунис намали на 4 разлика.

Вториот дел сосема друга приказна, Тунис притисна и успеа да го превземе водството со 20:19. Но некако се разбудија ракометарите на Полска за момент и успеа да го намалат резултатот, а до крајот на натпреварот се водеше тесна битка во која поуспешна беше репрезетанцијата на Полска.

Најдобар стрелец беше Банур од Тунис со 10 постигнати голови.