Дебакл на Македонија против Норвешка во осминафиналето


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Ракометарите на Македонија загубија од Норвешка со 34:24 во натпревар од 1/8 финалето на СП во Франција.

Норвежаните почнаа со серија од два погодоци од пенал на Сагосен, 2:0. Македонија за прв пат израмни во 12-та минута со погодоците на Лазаров и Талески, 5:5.

Мирхол со два погодоци и Тонесен му донесоа на Норвешка водство од три погодоци, 8:5. Лазаров и Стоилов постигнаа четири погодоци во низа за прво водство на Македонија на натпреварот, 8:9.

Норвежаните одговорија со серија од три погодоци за водство, 11:9. На полувреме Норвешка замина со два погодоци предност, 12:10.

Најефикасен после првото полувреме кај Македонија беше Лазаров со 4 погодоци. Стоилов постигна 3, Талески, Маркоски и Лазаров по 1 погодок.

 

Мирхол и Бјорнсен на почетокот погодија за 14:10. Норвежаните во второто полувреме се разиграа и во 40-та минута имаа водство од 22:15.

Првата двоцифрена предност Норвешка ја имаше десет минути пред крајот на натпреварот, 28:18.

Норвешка на крајот победи со 34:24 и се пласира во четвртфинале.

Танген и Јондал ја предводеа Норвешка до победа со по 6 погодоци. Кирил Лазаров беше најефикасен во репрезентацијата на Македонија со 6 погодоци Стојанче Стоилов постигна 5, Никола Маркоски и Жарко Пешевски по 3, Влатко Митков постигна 2, Стефан Дрогришки, Филип Талески, Гоце Георгиевски, Филип Лазаров и Гоце Ојлески постигнаа по 1 погодок.