Во 2012 се бореа за опстанок, а сега сочинуваат најдобар италијански тандем во последните 36 години


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако сите зборуваат за италијанската одбрана, нападот на Аѕурите многу бара внимание и почитување на ЕП во Франција.

Грациано Пеле и Едер играа заедно во 2012 година во Сампдорија и се бореа за опстанок во Серија А, но сега заедно ја предводеа италијанската репрезентација во четвртфиналето против актуелниот светски шампион, Германија.

Многумина по прашањето за тој напаѓачки тандем во пресрет на ЕВРО беа скептични, но двоецот секако покажа дека знае и може.

Италија од 1980 година немала офанзивен танддем со толку проценти на ЕВРО.

Нивните 25 проценти гледајќи го ударите на гол и количината на голови кои ги постигнаа од тие обиди се подобри да речеме од тандемот Тоти – Инзаги од 2000 година кои имаа 17 проценти.

Ѕола и Казираги четири години пред тоа беа на 16 %, додека Манчини и Вијали во 1988 година имаа 14 проценти.

Касано и Балотели пред четири години беа на само 12 проценти, а Пеле и Едер можеа веже против Германија да ги подобрат своите статистики.