Капитенот ја реши Малага – Рамос го изваде Реал од кризата (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид победија на Сантијаго Бернабе против Малага со 2:1 во натпревар од 19-то коло во Ла Лига.

Реал имаше шанси преку Бензема и Роналдо, но и двајцата не ги искористија своите шанси. Потоа Малага се закани по голот на Навас кој беше фантастичен и не дозволи да прими погодок.

Во 35-та минута Крос нафрли од корнер, а Серхио Рамос со глава погоди за водство на кралскиот клуб. Неколку минути подоцна повторно Крос нафрли, а Рамос овој пат со нога го зголеми водството, 2:0.

Хуанпи во 63-та минута намали на 2:1. После погодокот фудбалерите на Малага имаа шанса за израмнување, но Навас фантастично одбрани.

Роналдо денес немаше среќа, ја погоди стативата, а после грешката на Камени не успеа да ја казни. На крајот Реал Мадрид победи со 2:1.