Кавани ја прекина победничката серија на Нант – Фантастичен погодок на уругваецот од слободен удар (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


ПСЖ победи на гости кај Нант со 0:2 во натпревар од 21-то коло од Лига 1.

После дваесетина минути игра го видовме првиот погодок на натпреварот. Тој беше дело на Едисон Кавани кој му донесе водство на ПСЖ.

Мение во второто полувреме со глава шутираше и ја погоди пречката. Само две минути подоцна после шансата на Мение, Едисон Кавани од слободен удар постигна фантастичен погодок за победа на ПСЖ, 0:2.