Исланд падна во второто полувреме – Франција во 1/4 финале


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ракометарите на Франција го победија Исланд со 31:25 во натпревар од 1/4 финалето на СП.

Гудмундсон, Карасон и Гунарсон погодија за 0:3 на стартот на натпреварот. Абало и Фабрегас намалија на 4:5.

Атласон и Карасон повторно го вратија водството на Исланд од три погодоци, 4:7. Французите преку Карабатиќ, Нарцис и Гигу стигнаа до израмнување, 7:7.

Двата погодоци во низа на Гигу му донесоа водство на Франција, 9:8. Првото поголемо водство Франција го имаше во 22-ра минута кога Сораиндо и Порт погодија за 11:9. На полувреме се замина со 14:13.

На почетокот на второто полувреме Сораиндо и Ремили му донесоа водство на Франција, 16:13. Разиграните французи стигнаа и до шест погодоци предност во 37-ма минута, 20:14.

Карабатиќ и Гигу зголемија на 23:16. Исланѓаните намалија на пет негатива со погодоците на Елисон и Гунарсон, 24:18.

Девет минути пред крајот на натпреварот Елисон и Карасон намалија на три негатива, 25:22. Гигу и Нарцис одговорија со иста мерка и го вратија водството на Франција од пет погодоци, 27:22.

Французите на крајот победија со 31:25 и се пласираа во 1/4 финале.

Мишел Гигу со 6 погодоци ја предводеше Франција до победа. Фабрегас и Ремили постигнаа по 5, Нарцис и Карабатиќ по 4 погодоци. Рунар Карасон најмногу се истакна во Исланд и постигна 7 погодоци.