„Не заработувам толку како што се зборува“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Карлос Тевез стигна неодамна во Кина, каде што официјално стана член на екипата на Шангај Шенхуа.

Од доаѓањето во Кина Аргентинецот стана најплатен фудбалер на светот, а се верува дека по сезона заработува речиси 40 милиони долари.

Сепак, Тевез на прес конференцијата ги изненади сите со изјавата дека неговата плата воопшто не е толку како што по медиумите се зборува.

„Мојата плата е многу помала од таа која се споменува на интернет. Никогаш не сум зборувал за парите и сметам дека за тоа јавно не треба да се зборува и тоа од почит кон другите“, смета Тевез.

Наводно, Тевез на неделно ниво ќе заработува дури 610 000 фунти што го направи најплатен фудбалер на светот.

Од неговиот трансфер во Кина имаше корист и Бока Јуниорс, која заработи девет милиони фунти.

Сезоната во кинеската Суперлига почнува во март.