Србите беа сигурни денес – Победа на Унион Олимпија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денес на програмата се одиграа 3 натпревари во АБА лигата.

Натпреварот помеѓу Цибона и Унион Олимпија донесе големи возбудувања.

Во првата ¼-на од натпреварот Цибона одлично започна и победи со 21:18, а така продолжи и до крајот на полувремето, на кое што замина со резултат 44:39.

Второто полувреме беше различно за двата тимови. Унион заигра подобро и победи во третата ¼-на со 16:12 и така стигна до само 1 поен негатива, но во последната ¼-на беа убедливи и на крајот стигнаа до победа со 79:68.

Најдобар стрелец кај Цибона беше Зориќ со 16 поени додека кај Унион Олимпија беше Џеферсон со 18 поени.

На останатите натпревари, Црвена Звезда беше подобра од Игокеа со 77:68 додека Партизан победи против ФМП со 97:70.