„Како да победиме?“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Манчестер Сити одигра нерешено на свој терен во 22-то коло од ПЛ против Тотенхем.

Сити испушти водство од 2:0, а Гвардиола за губењето на бодовите ги обвинува големиот број на промашени шанси.

„Вака не може да победиме. Играме добро, создаваме голем број шанси, но не ги искористуваме.“

„Нема да освоиме ништо ако продолжиме вака да играме. Промашуваме, а тоа ни се одбива од глава, посебно против силни тимови. Никој не е виновен.“

Со овој кикс, Сити остана на 5-то место во ПЛ. Има 9 бодови помалку зад Челси кој има и натпревар помалку, а шанса да ја зголеми предноста има и Арсенал, кој игра против Барнли.