АО: Сензација ни приреди 50-от играч во светот – Крај за Енди Мареј!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Програмата на Австралијан Опен ја отвори натпреварот помеѓу Миша Зверев и Енди Мареј.

Тенисерот од Германија направи големо изненадување и го победи Мареј во 4-то коло со 3:1 во сетови, односно 7:5, 5:7, 6:2 и 6:4 по повеќе од три и пол часови игра.

Зверев успеа да искористи 8 од вкупно 17 брејк топки кои му беа доволни за да стигне до овој резултат.

Тој имаше 52 винери и 26 неизнудени грешки, како и 7 асови.

Освен овој триумф Зверев стигна до првата победа во меѓусебни дуели со Мареј, па така тоа значи дека ова е првото ¼-финале за Зверев на некој од Грен Слемовите.

Во борба за ½-финале Зверев ќе игра против победникот од натпреварот Федерер – Нишикори.