АО: Цонга со пресврт до победа против Еванс!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Жо-Вилфрид Цонга победи по пресврт против Даниел Еванс со 6:7, 6:2, 6:4 и 6:4 и така се пласираше во ¼-финале на Австралијан Опен.

Цонга првиот сет го изгуби во тај-брејк со 7:4, по што го подигна нивото на игра и дојде до пресврт откако освои 3 сетови за помалку од 2 часови.

И во овој натпревар Французинот одлично сервираше. Имаше висок процент на освоени поени на прв сервис(81%),а имаше и 17 асови.

Четири пати му го одзема сервисот на противникот, а ниту еднаш не го изгуби својот.

12-от играч во светот во ¼-финале ќе игра против Вавринка кој беше подобар од Сепи со 3:0.