„Фламини ми ја заврши кариерата во Арсенал“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Младиот фудбалер на Њукасл, Исак Хајден ги помина сите млади селекции на Арсенал, но само поради еден удар на тренинг, неговата кариера во Арсенал заврши.

Настапуваше 2 пати за тимот од Лондон од 2013 до минатата година, а по позајмицата во Хал, Њукасл му понуди договор во текот на летото.

Хајден во Арсенал беше многу близок до првиот тим, но развојот му го сопре Фламини.

„Ми ги повреди лигаментите на десниот зглоб. Требаше да играм во ПЛ против Хал, но повредата ме спречи. Фламини ме удри на тренинг, зглобот настрада и пропуштив долго време. Знам дека не беше намерно, но неговиот старт ми уништи голема шанса за докажување.“

Оваа сезона Хајден игра одлично. Тој настапи на 25 натпревар и постигна 1 гол, но создаде 22 шанси за постигнување на гол.