Дејвид Бекам спаси живот на старица!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дејвид Бекам постојано е следен од медиумите. Откако се појави на фудбалската сцена во средината на 90-те години на минатиот век, името Дејвид Бекам стана препознатливо за целиот свет, но иако во животот има се, Бекам не „лета“ високо како некои други ѕвезди.

Доказ за тоа е доброто дело кое поранешниот фудбалер го направил во Лондон. Старица паднала додека преминувала улица, а на местото се нашол и Бекам.

Кога видел дека таа не се движи, Бекам го сопрел автомобилот, па го блокирал сообраќајот додека не стигнала брзата помош.

Тоа не било се од 41-годишниот Англичанец. Седнал покрај старицата, и дал шише вода и останал до неа додека помошта не стигнала.

Одличен потег на легендата на англискиот фудбал кој и претходно даваше голема помош на хуманитрани организации и во текот на кариерата има донирано повеќе од 20 милиони долари.