Идеалното решение на Пеп стигнува од поранешниот клуб?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Гвардиола најде потенцијално решение за позицијата лев бек..

Според медиумите, играчот на Баерн Минхен, Хуан Бернат е голема желба на Манчестер Сити.

Играчот кој Пеп го донесе во Баерн од Валенсија, би можел повторно да соработува со шпанскиот екпсерт во ПЛ.

Пеп има многу проблеми во одбраната, а позицијата на лев бек е најкритична бидејќи Коларов и Клиши во лето остануваат без договори.

Бернат не е во прв план кај Анчелоти, па би можел да се пресели кај Гвардиола доколку му вети минутажа и место на стартер.

Цената на Бернат изнесува 20 милиони евра, а договор со Баерн Минхен има до јуни 2019 година.