Станислав Вавринка – Мојот најдобар натпревар досега на турнирот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Мислам дека и двајцата игравме добро. Меѓутоа, јас најдов начин да бидам поагресивен на теренот. Во текот на натпревар ја форсирав својата игра, баш како и тој. Натпреварот беше неизвесен, а јас сум среќен затоа што победив.“

Тенисерот не го криеше задоволството по пласманот во следната рунда.

„Многу сум среќен што ќе играм во ¼-финале. За мене тоа е голем успех.“

Тој ја искоментира и елиминацијата на Енди Мареј од страна на Миша Зверев.

„Тоа е навистина изненадување. Мареј минатата година заврши спектакуларно, добро играше и победуваше на турнирите, па така неговот испаѓање е навистина изненадување. Сепак тоа покажува колку е тешко да се игра на овој турнир.“