АО: Брилијантен натпревар помеѓу Федерер и Нишикори – Роџер подобар по голем маратон!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Денес програмата на Австралијан Опен во машкиот дел беше затворена со натпреварот помеѓу Роџер Федерер и Кеи Нишикори.

5-от носител, односно Нишикори одлично го започна натпреварот и имаше 2 брејкови на стартот на првиот сет и водство од 2:5, но потоа следуваше пад во играта и Федерер успеа да се врати во сетот и да играат тај брејк, во кој подобар беше Нишикори со 7:4.

Во вториот сет беше видена израмнета игра, а само еден брејк го реши сетот. Брејкот успеа да го направи Федерер во 7-от гејм и потоа успешно сервираше до крајот на сетот кој го освои со 6:4.

Третиот сет помина во доминација на Федерер кој успеа да му го одземе дури 3 пати сервисот на Нишикори и со неверојатни 6:1 да го освои сетот.

Четвртиот сет повторно беше решен само со еден брејк, но овој пат Нишикори успеа да му го одземе сервисот на Федерер и потоа со успешен сервис да стигне до 6:4 во сетот.

Петиот сет ни донесе голмо возбудување и многу добра игра на Федерер кој доминираше на почетокот на сетот, па веднаш успеа да му го одземе сервисот на противникот и продолжи со сигурна игра до крајот на сетот кој го освои со 6:3.

Во наредното коло Федерер ќе игра против Зверев кој успеа да го елиминира Мареј со 3:1 во сетови.