Лара Гут ја потврди доминацијата во супервелеслалом


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лара Гут победи во трката во супервелеслалом во Гармиш Партенкирхен.

Швајцарката оствари време 1:17.92 и така заврши пред австријката Стефани Вение и Тина Вајратер од Лихтенштајн.

Гут ја запиша третата победа оваа сезона и го задржа 100% учинок во оваа дисциплина.

Во пласманот во супервелеслалом прва е Гут со 300 бода, а зад неа се Вајратер со 220 бода и Вение со 125 бода.

Лидерка во генералниот пласман е американката Микаела Шифрин со 1008 бода, втора е Лара Гут со 873, а трета Штухец со 625 бода.