Големо незадоволство: Сака отказ на Мурињо и сака доаѓање на Пјулис


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден од навивачите на Манчестер Јунајтед се јави во програматана ББС радио, на неговата реакција после ремито против Стоук Сити (1:1) беше исклучително интересно.

Незадоволниот навивач сака раководството на Црвените ѓаволи да му врачи отказ на Жозе Мурињо и на негово место да го доведе менаџерот на Вест Хем Албион Тони Пјулис.

ВБА игра доста добро под водство на Пјулис и моментално е осми во Премиер лигата, а овој Велшанец со доста успех го водеше и Стоук Сити.

„Сакам Мурињо да замине. Верувам дека Тони Пјулис би бил одличен менаџер за Јунајтед“, тврди извесен Девин, навивач на тимот од Олд Трафорд.

Очигледно дека ни добрата серија на резултати на тимот од Театарот на соништата не е задоволен овој навивач на чии зборови се насмеа и Роби Севиџ, познатиот фудбалер кој моментално работи во ББС.

Јунајтед после 22 одиграни кола е на шестото место од ПЛ со 41 освоени бодови.