Хиршер победи во Кицбил


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Австриецот Марсел Хиршер со фантастичното скијање во вториот дел стигна до победа во слаломот во Кицбил.

Лидерот во вкупниот пласман имаше заостанување од 1.09 секунди зад британецот Дејв Рајдинг после првиот дел, а на крајот го остави 76 секунди зад себе.

Ова е 20-та победа на Хиршер во слалом, а 42-ра во кариерата.

Од друга страна, Рајдинг стана првиот британец кој после Конрад Бартелски успеа да заврши на подиумот во една трка на Светски куп. Бартелски во 1981-ва година заврши на второта позиција во спустот во Гал Гардена.

На третото место заврши русинот Алекансандер Корошилов.

Хиршер во пласманот во слалом е лидер со 540 бода, а втор е норвежанецот Хенрик Кристоферсен со 460 бода, а трет е италијанецот Манфред Мелг со 358 бода.

Во вкупниот пласман Хиршер е лидер со 1080 бода, а зад него се Хенрик Кристоферсен со 692 бода и Алексис Пантуро од Франција со 681 бод.