Лудило во финишот – Арсенал го победи Барнли и се приближи до врвот (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Арсенал на Емирати го победи Барнли во натпревар од 22-ро коло во ПЛ, 2:1.

Алексис Санчез во првото полувреме имаше шанса за погодок, но шутираше непрецизно.

После еден час игра на Емирати видовме погодок. Месут Озил асистираше, а Шкодран Мустафи погоди со глава за водство на Арсенал.

Неколку минути подоцна Гранит Чака доби директен црвен картон. Чех фантастично одбрани по изведениот слободен удар на Дефур.

Кокелан направи пенал, а Греј го израмни резултатот. Пред крајот на натпреварот гостите направија пенал, а Алексис Санчез му ја донесе победата на Арсенал, 2:1.